Регион

Учениците се враќаат во „Владислав Рибникар“

10.05.2023 09:43

По седум дена од најголемиот масакр во Србија, учениците од основното училиште „Владислав Рибникар“ се враќаат на училиште. Училницата во која трагично го загубија животот нивните соученици ќе остане запечатена и нема да се користи...

По седум дена од најголемиот масакр во Србија, учениците од основното училиште „Владислав Рибникар“ се враќаат на училиште. Училницата во која трагично го загубија животот нивните соученици ќе остане запечатена и нема да се користи, а наместо настава, на децата ќе им биде пружена поддршка и отворен разговор.

Со наставниот материјал ќе се продолжи откако наставниците ќе оценат дека дошло време. Објектот ќе го надгледува полиција.