САД

Доналд Трамп прогласен виновен за сексуална злоупотреба

10.05.2023 09:47

Судот во Њујорк го прогласи Доналд Трамп за виновен за сексуална злоупотреба на новинарката Џин Керол. Поротата утврдила дека Керол била сексуално нападната во соблекувалната на луксузна стоковна куќа...

Судот во Њујорк го прогласи Доналд Трамп за виновен за сексуална злоупотреба на новинарката Џин Керол. Поротата утврдила дека Керол била сексуално нападната во соблекувалната на луксузна стоковна куќа во 1996 година од страна на Трамп, но не и силувана како што тврдеше таа.

Во процесот исто така беше утврдено дека поранешниот претседател ја клеветел колумнистката на списанието за што таа ќе биде обесштетена со вкупно 5 милиони долари. Одбраната на Трамп тврди дека пресудата е политички мотивирана, најавија жалба.