Нов пакет воена помош за Украина од САД
Пакетот вклучува артилерија и зајакнување на одбраната...

Киев добива нов пакет помош од Вашингтон во вредност од 1,2 милијарди долари. Пакетот вклучува артилерија и зајакнување на одбраната.
„Пакетот ја нагласува континуираната посветеност на САД за исполнување на најитните барања на Украина, а истовремено градење на капацитетот на вооружените сили да можат да бранат својата територија и да ја одвратат руската агресија на долг рок“, изјави бригаден генерал Пет Рајдер, портпарол на Пентагон.
„Добивме нов одбранбен пакет од САД. Артилерија, заштита од терористички ракети и беспилотни летала и други работи за зајакнување на нашите бранители. Му благодарам на претседателот Бајден, конгресот – двете партии – и секое американско семејство за нивната непоколеблива поддршка и за американската сила што не прави посилни“, вели Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Генералниот секретар на ООН оценува дека во овој момент не се можни мировни преговори за ставање крај на војната во Украина бидејќи двете страни се целосно ангажирани во војната и се уверени дека можат да победат.
