Фудбал

Александар Трајковски со гол преку 40 метри

10.05.2023 10:28

Во триумфот придонесе Александар Трајковски кој со одличен гол во самиот финиш од средбата го постави конечниот епилог. Македонскиот напаѓач Александар Трајковски ја запечати 3:0 победата на Ал-Фејха над Ал-Фатех во Саудискиот шампионат...

Во рамките од 26 коло во професионалната фудбалска лига на Саудиска Арабија составот на Ал Фејха убедливо со 3:0 триумфираше над Ал-Фатех.

Во триумфот придонесе Александар Трајковски кој со одличен гол во самиот финиш од средбата го постави конечниот епилог. Македонскиот напаѓач Александар Трајковски ја запечати 3:0 победата на Ал-Фејха над Ал-Фатех во Саудискиот шампионат, постигнувајќи гол од огромна далечина со лоб-удар.

За македонскиот репрезентативец ова е трет погодок во 20 настап за неговиот клуб.