Опозицијата во Албанија бара итна оставка од Рама и соборување на неговата Влада
Рама е обвинет дека директно бил вмешан во скандалот со шверц на дрога...

Албанската опозиција бара итна оставка од актуелниот премиер, Еди Рама, кого го обвини дека директно бил вмешан во скандалот со шверц на дрога.
Претседателот на Демократската партија, Лулзим Баша, истакнал дека Рама бил директно вмешан во овој скандал, и најавил дека десницата донела одлука да почне со протести пред владата предводена од Социјалистите кои ќе траат се додека Рама не си поднесе оставка од својата позиција како и до соборување на неговата Влада јавуваат албанските медиуми.
„Сега е утврдено дека од земјата шверцот со дрога во кој се замешани највиските државни структури се одвивал не само со автомобили, глисери и бродови туку и со авиони“, наведува опозицијата во своите реакции.
Само во текот на последните три дена во земјата откриена е и запленета над еден тон дрога.
