здравје

Нутритивни придобивки од наутот

10.05.2023 10:44

Нутритивни придобивки што ги нуди наутот го прават една од најздравите намирници што можеме да ги јадеме...

Наутот е одличен извор на растителни протеини, влакна и разни витамини и минерали. Нутритивни придобивки што ги нуди наутот го прават една од најздравите намирници што можеме да ги јадеме.

Наутот содржи и голема количина на растителни влакна. Протеините и влакната работат заедно за да го забават варењето и да обезбедат долготрајна ситост. Со својата висока содржина на протеини и влакна, затоа е одличен за контрола на шеќерот во крвта.

Покрај протеините и влакната, наутот нуди и многу моќни витамини и минерали, вклучувајќи магнезиум, калиум и селен.

Наутот помага за задоволување на дневните потреби за железо. Има низок гликемиски индекс.

Наутот содржи антиоксиданси, витамини од групата Б и селен, така што има потенцијал да помогне во заштитата од одредени видови на рак. Содржи и други диететски биоактивни соединенија за кои е докажано дека го намалуваат ризикот од одредени видови на рак.

Доколку се готви конзервиран наут, потребно е да се исцеди и да се исплакнат зрната за да се измие вишокот сол или конзерванси.