Кошарка
Уникс Казањ израмнија на 1-1 против Локомотива Кубањ
10.05.2023 10:46
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ, израмнија на 1-1 во финалната серија против Локомотива Кубањ во ВТБ лигата...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ, израмнија на 1-1 во финалната серија против Локомотива Кубањ во ВТБ лигата, откако славеа во вториот натпревар со 79:76, иако на четири минути до крајот имаа негатива од 63:73. Но, со извонредна серија од 16:3, на крај кошаркарите на Уникс дојдоа до победата на овој меч.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со 15 поени, два скока, две асистенции и две украдени топки во 30 минути минати на теренот. Најдобар во победничкиот тим беше Рејнолдс до 19 поени и пет скока.
