Полска

Напаѓач уби тинејџерка и повреди девет лица во сиропиталиште во Полска

10.05.2023 10:53

Петмина од нив се хоспитализирани, а на останатите им е укажана помош на лице место...

Вчера, во текот на ноќта, 19-годишно момче со нож влегло во дом за сираци, во Полска, во градот Томиславце, усмртувајќи 16-годишна тинејџерка и ранувајќи девет лица на возраст од 12 до 16 години.

Петмина од нив се хоспитализирани, а на останатите им е укажана помош на лице место. Повредените не се во животна опасност.

Полицијата го уапси напаѓачот и го истражува мотивот за злосторството.