Македонија

На Христијан Пендиков денеска свечено ќе му биде доделено бугарско државјанство

10.05.2023 11:44

Христијан Пендиков доби бугарско државјанство и лична карта. На свечена церемонија лично ќе му ги врачи потпретседателката Илијана Јотова.

Христијан Пендиков доби бугарско државјанство и лична карта. На свечена церемонија лично ќе му ги врачи потпретседателката Илијана Јотова, која го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на како што се наведува, неговото бугарско потекло.

Со охриѓанецот Пендиков се поврзани многу контроверзи. На 19-ти јануари во Охрид беше нападнат, по што беше пренесен на лекување во Софија. По опоравувањето, беше примен од врвните бугарски политичари, даваше интервјуа во медиумите во кои зборуваше дека бил прогонуван во Македонија, откако пред неколку години станал свесен за своето бугарско потекло.

Во охридскиот суд трае судењето на напаѓачите на Пендиков. Еден од нив, Илија Спасески, изјави дека не се чувствува виновен за делото. И покрај поканите за судење, Пендиков до сега не се појави во Македонија. Бугарската влада му додели стан и ги плаќа неговите дневни трошоци, по лекувањето и операцијата во Софија.