Ракомет

Вечерва е ждрепката за ЕП во ракомет

10.05.2023 12:04

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе ги добие ривалите во групната фаза на Европското првенство во 2024-та година во Германија. Македонија се најде во третиот шешир пред ждрепката за групите на континенталниот собир, на кој ќе играме во јануари следната година...

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе ги добие ривалите во групната фаза на Европското првенство во 2024-та година во Германија.

Македонија се најде во третиот шешир пред ждрепката за групите на континенталниот собир, на кој ќе играме во јануари следната година.

Од сите шешири ќе добиеме силни ривали, па дури и од четвртиот каде што има неколку незгодни репрезентации.

Местото во третиот шешир значи дека Македонија нема да игра против Хрватска, Чешка, Полска, Србија и Босна и Херцеговина, а нема ниту против Франција и Шпанија, бидејќи една од овие две селекции ќе биде во групата со „коцкестите“.

Ждрепката за групите ќе се одржи денеска од 17:45 часот.

ШЕШИРИ ЗА ЕП 2024

1 ШЕШИР Франција (група А или Б), Шпанија (група А или Б), Исланд (група Ц), Норвешка (група Д), Шведска (група Е), Данска (група Ф)

2 ШЕШИР Германија (група А), Португалија, Австрија, Словенија, Холандија, Унгарија

3 ШЕШИР Хрватска (Група Б), Македонија, Србија, Полска, Чешка, БиХ

4 ШЕШИР Црна Гора, Швајцарија, Романија, Грција, Ф. Острови, Грузија