САД

По укинувањето на ковид мерките во САД, властите стравуваат од зголем прилив на мигранти

10.05.2023 12:25

Војската и националната гарда на САД на готовс. Можен е зголемен прилив на мигранти по укинувањето на „Одредбата 42“ воведена во Ковид пандемијата. Чикаго прогласи вонредна состојба како одговор на илјадниците мигранти кои ја преминаа јужната американска граница и бараат азил …

Укинувањето на рестриктивните мерки воведени во Ковид пандемијата познати како „Одредба 42“ би можело да предизвикаат зголемен прилив на мигранти. Пограничните градови во САД се под зголемен притисок. Веќе на некои локации долж границата меѓу САД и Мексико се регистрирани голем број луѓе. Војската и Националната гарда будно ја следат состојбата.

„Многу луѓе се дават во таа река и се плашам“, изјави Александар Мартинез Леон, мигрант од Венецуела.

„Бидејќи никој не сака да биде вратен во својата земја, затоа ги правиме работите на најдобар начин, ги следиме законите и ги користиме апликациите што тие ги ставија на располагање и ѝ имаме верба“, изјави Данило Руиз, мигрант од Ел Салвадор.

Во меѓувреме, Чикаго прогласи вонредна состојба како одговор на илјадниците мигранти кои ја преминаа јужната американска граница и бараат азил. Одлуката следи девет месеци откако гувернерот на Тексас, Грег Абот, со автобуси ги префрли новодојдените бегалци од Централна и Јужна Америка, тврдејќи дека либералните градови треба да бидат подготвени да преземат поголем дел од товарот од граничната криза.

„Како што многумина од вас знаат, од август 2022 година, нашиот град реагираше на пристигнувањето на приближно 8.000 баратели на азил. Видовме во последните неколку недели нов пораст на мигранти кои секојдневно доаѓаат во Чикаго. Не требаше да дојдеме до оваа точка, но еве сме“, истакна градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут.

Пред само неколку дена возач усмрти осуммина бегалци од Венецуела кога удри во автобуска постојка во Браунсвил, Тексас. Властите велат дека имаат список со над 120 имиња на луѓе кои сакаат да знаат дали нивните роднини се меѓу жртвите.

„Повеќето од нив се Венецуелци и како што знаеме, најблискиот конзулат за Венецуела е во Мексико. Така, сега тоа создава уште поголема бариера бидејќи мораме да контактираме со тој конзулат во Мексико во однос на нивните граѓани“, изјави Мартин Сандовал од полицискиот оддел во Браунсвил, Тексас.

Браунсвил забележа значително зголемување на мигрантите од Венецуела во последните две недели од причини кои сè уште не се јасни, соопштија властите.

 

Маријана Димовска