Фрлете ги тесните чевли!

13.05.2014 11:52

Особено ефикасна за одржување на виталноста на стапалата е масажата која ги отстранува болката и заморот...

Денес луѓето поминуваат голем дел од денот во чевли изработени така што ќе ја истакнуваат убавината на стапалата и ќе имаат модерна линија, но без внимание посветено на квалитетот, што поттикнува лоша циркулација, појава на плускавци, сраснати нокти и создава идеална подлога за размножување на разни бактерии и габи.

Само редовна хигиена и соодветна нега можат да го решат овој проблем. Редовна посета на педикир може во голема мера да ги ублажи или целосно да ги спречи сите наведени проблеми.

Здраво стапало е она што нема плускавци и сраснати нокти. Покрај естетски, овие проблеми претставуваат и здравствен проблем, па така треба и да се третира.

Доколку е оштетен ноктот, може да се направи надградба за да се отстрани естетскиот недостаток додека не израсне новиот нокт.

Особено ефикасна за одржување на виталноста на стапалата е масажата која ги отстранува болката и заморот, а исклучително ефикасна и делотворна е рефлексологијата – вид на источна масажа која преку рефлексните зони делува позитивно на сите органи во организмот.