Мицкоски: Очекувам реакција од ЕУ амбасадорите
Мицкоски се уште немал добиено реакции од ЕУ амбасадорите. Посочи- доколку не реагираат основано, може да се сомневаме дека станува збор за нешто друго.

Маричиќ јавно призна дека свесно се кршат процедурите при носењето на предлог- законите со европско знаменце, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски се уште немал добиено реакции од ЕУ амбасадорите. Посочи- доколку не реагираат основано, може да се сомневаме дека станува збор за нешто друго.
„Како политичка партија и пратеничка група ќе упатиме допис до сите институции не само во Македонија до амбасадите во Македонија земјите членки на ЕУ, туку и до самата европска комисија, до претседателката до оние кои што се задолжени да промовираат европски вредности, а овде во Македонија како земја кандидат гледаме на отворена сцена како се кршат тие вредности. Наше е да ги предупредиме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не можеме да се бориме против цела Европа и Европска комисија, не можеме да се бориме против криминална власт и политичари кои што се дел од оваа коалиција на СДСМ, поддржана од помалиот партнер ДУИ, но треба да направиме сѐ што е во наша моќ за да укажеме на јасното кршење на законите, уставот и процедурите во Македонија и да упатиме со јасни факти на криминалниот карактер на овој тендер кој што има за цел да отпочне со изработка на делови од коридорите 8 и 10Д“, нагласи Мицкоски.
