Новиот претседател на Судски совет гарантира транспарентност
Судскиот совет најавува поголема транспарентност и отчетност во работата, ден по критиките во јавноста поради отстранување на камерите . Претседателот Георгиев вели, во нивно присуство стручните служби со препреки си ја вршеле работата...

Поголема отчетност, транспарентност, редовни брифинзи и изјави за медиумите, најави претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев по критиките во јавноста за отстранување на камерите од салата на првиот состанок што го раководеше. Сепак тврди дека јавноста не била исклучена, новинарите останале во салата.
Реагираа и од Агенцијата за медиумски услуги. Важно е велат на новинарските екипи да им се обезбеди пристап за известување од настани кои се од јавен интерес.
Оставки од сите членови на Судскиот совет побараа од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.
И пратеници од опозицијата со апел да се разговара во Собранието за состојбите во Судскиот совет.
Анита Димитријевска Велковска
