Собрание

Европското знаменце ја вжешти атмосферата во Собранието

10.05.2023 16:41

Петте закони поврзани со договорот со „Бехтел и Енка“ на собраниска седница. Од опозицијата обвинуваат – не само за европското знаменце, туку и за злоупотреба на процедурата. Сè уште инсистираат пратениците со безбедносен сертификат да го видат договорот за коридорите. Спикерот Џафери вели – скратената постапка не е поврзана со рокови...

Не само европското знаменце, за опозицијата е спорно и како 5-те владини Предлог-закони поврзани со Договорот за Коридорите веднаш се најдоа на пленарната седница за два, наместо за 10 дена од кога се пристигнати во Парламентот. Опозицијата ги обвини владејачкото мнозинство и спикерот Џафери дека ја злоупотребуваат целата процедура. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да присуствуваат на гласањето за законските измени поврзани со изградбата на коридорите.

Пратениците од опозицијата со безбедносен сертификат сè уште инсистираат да го видат Договорот за Коридорите, кој иако беше најавено од Владата, не е пристигнат во Парламентот ни во ревидирана верзија.

Спикерот Џафери тврди дека работи по деловничките одредби кои предвидуваат пленумот да донесе одлука дали одредени закони ќе одат по скратена постапка.

По утврдување на потребата за измените во законот за градење, урбанистичко планирање, работни односи, експропријација и за Законот за утврдување на јавен интерес за изградбата на коридорите, одат во Комисијата за европски прашања. Дебата трае најмногу два дена. ВМРО-ДПМНЕ испрати до Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент во кој се наведени, како што рекоа, сите злоупотреби на власта во поглед на спроведувањето на Договорот за Бехтел и Енка.

 

Игор Панов