ДИЦ
Вработените од Државниот испитен центар на средба со Битиќи
10.05.2023 18:41
Вработените од Државниот испитен центар на средба во Владата со вицепремиерот Битиќи. На средбата се преговара за покачување на платите на вработените во ДИЦ...

Вработените од Државниот испитен центар на средба во Владата со вицепремиерот Битиќи. На средбата се преговара за покачување на платите на вработените во ДИЦ. Министерот за образование Шаќири вчера изјави дека државна матура мора да има и тоа во предвидениот рок. Нагласи дека првиот испит ќе се полага на 27-ми, а ако е потребно за тоа ќе се вклучат и вработените од Министерството за образование и наука.
Штрајкот на вработените во Државниот испитен центар трае повеќе од две недели бидејќи половина од вработените земале минимална плата.
