Скопје
Утре без вода корисниците од улица „Ванчо Мицков“
10.05.2023 21:27
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Ванчо Мицков 7а (Oпштина Карпош), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 11.05.2023 година (Четврток) поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Ванчо Мицков 7а (Општина Карпош), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
