Дерковски: Автобусот поминал на спуштени рампи

13.05.2014 12:28

Сигналните уреди на железницата биле функционални...

На местото на тешката сообраќајка која се случи на патот Штип- Велес, во која се судрија автобус и воз, а повредени се над 30 патници, претпладнето дојдоа министерите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за здравство Никола Тодоров, како и директорот на „Македонски железници“ Оливер Дерковски.

Дерковски информира дека сигналните уреди на железницата биле функционални.

„Прибраноста во овој случај на нашиот пресонал довело да се избегнат посериозни последици. Останува да видиме како органите кои водат постапката ќе ја завршат, ќе чекаме да го добиеме извшетајот па понатаму ќе видиме што ќе преземиме“, изјави Дерковски.

На новинарско прашање кои се првичните сознанија за тоа како дошло до несреќата, Дерковски посочи дека првичните индиции говорат дека возачот на автобусот поминал на спуштени рампи, на обезбеден премин железнички.