Влада
Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на изградба на фабрика на канадска „Магна“ во Штип
11.05.2023 08:18
На настанот обраќања и презентација за новиот инвестициски проект ќе имаат и Дејвид Креспи, потпретседател на компанијата „Магна Интернационал“ како и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, соопштуваат од владината прес-служба...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се обрати на настан по повод почеток на градежни работи на инвестициски проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ-Штип.
На настанот обраќања и презентација за новиот инвестициски проект ќе имаат и Дејвид Креспи, потпретседател на компанијата „Магна Интернационал“ како и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, соопштуваат од владината прес-служба.
