Временска прогноза
Облачно време со повремени врнежи од дожд
11.05.2023 08:35
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 16 степени.
