МВР: 204 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.
