Зеленски: Силната контраофанзива ќе го избрка непријателот
Лидерот на Украина најавува силна контраофанзива, Киев тврди-руските сили се повлекоа од делови на Бахмут...

Жестоки борби во Бахмут. Украинската страна тврди дека се повлекле руските сили во источниот дел од овој град.
„Нема да оставиме ниту едно парче од нашата земја на непријателот – тиранијата нема да владее никаде“, изјави украинскиот претседател Зеленски.
„Ќе направиме се за да избега непријателот. Каде ќе заврши? искрено, тоа зависи од нашиот дух. Колку посилна контраофанзива имаме, толку подалеку ќе бегаат. Тоа е најважното. Не можам да ви кажам конкретно каде ќе бидат спроведени акциите на контраофанзивата. Имаме разни чекори. Мислам дека ќе постигнеме соодветен резултат“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.
Според турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу, Црноморскиот договор за извозот на украинските житарки може да биде продолжен за уште најмалку два месеца. Обединетите нации и Турција беа покровители на спогодбата склучена во јуни лани, за да помогнат во олеснувањето на глобалната криза со храна, што се влоши со руската инвазија во Украина. Претставниците на Русија, Украина, Турција и ОН го сочинуваат заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) во Истанбул, кој го спроведува договорот.
