Кремљ: Намерата на Полска да го преименува Калининград е непријателски чин
Официјален Кремљ објави дека намерата на Полска за преименување на рускиот град Калининград го смета за непријателски чин. Овој град бил познат по германското име Кенигсберг до крајот на Втората светска војна...

Официјален Кремљ објави дека намерата на Полска за преименување на рускиот град Калининград го смета за непријателски чин. Овој град бил познат по германското име Кенигсберг до крајот на Втората светска војна кога станува дел од Советскиот сојуз и е преименуван во чест на советскиот политичар Михаил Калинин.
Варшава него го поврзува со масакрот во Катинската шума во 1940 година, кога илјадници полски офицери се егзекутирани од советските сили. Поради тоа, според Полска, градот сега треба да се нарекува Кролевиец, како што бил нарекуван кога со него управувало Кралството Полска во 15. и 16. век.
