Газа

Израел тврди дека убил командант на ракетната единица на „Исламски џихад“

11.05.2023 09:10

Израелската војска соопшти дека во воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа е убиен командантот на ракетната дивизија на палестинската група Исламски џихад...

Израелската војска соопшти дека во воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа е убиен командантот на ракетната дивизија на палестинската група Исламски џихад, Али Гали. Според извештајот, Гали се криел во стан во градот Кан Јунис, заедно со уште двајца борци. „Исламски џихад“ засега без коментар. Премиерот Нетанјаху рече кампањата не е завршена. Ова се најлошите судири меѓу Израел и Палестинците во последните неколку месеци.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика сите страни на максимална воздржаност и ги осуди цивилните жртви предизвикани од израелските напади и неселективното ракетирање од Газа.