влада

Седница на работната група за уставни измени

11.05.2023 09:11

На последниот состанок во вторникот утврден беше Деловникот за работа и насоките како ќе се работи на текстот на уставните измени...

Во Владата нова средба на членовите на работната група за уставните измени. На последниот состанок во вторникот утврден беше Деловникот за работа и насоките како ќе се работи на текстот на уставните измени. Претседателка Маргарита Цаца Николовска најави дека по завршување на состанокот ќе информира за заклучоците.

Предлагач на уставните измени е Владата. Работната група ќе има задача да ја подготви Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата, која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание.

Од Владата очекуваат постапката да почне пред годишниот одмор за пратениците, за да може до ноември да бидат донесени, за што е потребно двотретинско мнозинство.