Судан

Заливските земји пратија помош во Судан, преговорите се во застој

11.05.2023 09:16

Авион со помош од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати стигна во Судан. Мировните преговори во градот Џеда се во застој...

Авион со помош од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати стигна во Судан. Мировните преговори во градот Џеда се во застој. За власта во Судан се борат војската и паравојската. На разговорите беа најавени пет авиони со помош и отворање на хуманитарен воздушен мост.

Идната недела ќе почне праќањето по товарни бродови. Во судирите во Судан загинаа стотици лица, вклучувајќи многу цивили.