Зошто какаото треба да се воведе во нашата исхрана

11.05.2023 09:44

Какаото е подложено на многу студии, откако било откриено дека го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Некои од истражувањата покажале дека ги намалува истите за дури 77%. Резултатот од ова е подобра циркулација во мозокот, која ја зголемува когнитивната способност.

Какаото има многу бенефиции врз здравјето. Какаото може да ја подобри меморијата, да ги намали срцевите болести, да ги намли мастите, да го подобри имунитетот, да го поправи расположението и да даде многу енергија. Во својот состав содржи речиси четири пати повеќе антиоксиданси од чоколадата, 20 пати повеќе од боровинките и 119 пати од бананите.

Кардиоваскуларните болести се број еден убиец кај возрасните. Какаото е подложено на многу студии, откако било откриено дека го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Некои од истражувањата покажале дека ги намалува истите за дури 77%. Резултатот од ова е подобра циркулација во мозокот, која ја зголемува когнитивната способност.

Исхраната богата со какао може да помогне за да го одржиме нашето когнитивно здравје како што старееме.

Какаото содржи многу нутритиенти, како што се железо, магнезиум, цинк, протеини, калиум, калциум и уште многу други.

Истотака, какаото помага за подобро помнење, бидејќи флавоноидите во него ја зголемуваат циркулацијата и дотокот на крв до мозокот. Поради тоа што деменцијата предизвикува намален доток на крв, истражувачите сметаат дека може да придонесе за превенција на оваа состојба.

Кога какото е печено, обработено и претворено во чоколада, тоа губи многу од своите скапоцени својства. Додека чоколадата се смета за нездрава, чистото какао е сосема спротивно од тоа.Една од главнитедиететски користи од какаото е тоа што содржи многу влакна, што е одлично за создавање на нови ензими.

Катерина Стојановска Десковска