Висла Плок се изборија за реми против Магдебург
Ракометарите на Висла Плок се изборија за реми против Магдебург со резултат 22-22 во првиот четвртфинален двомеч од Лигата на шампионите.

Ракометарите на Висла Плок се изборија за реми против Магдебург со резултат 22-22 во првиот четвртфинален двомеч од Лигата на шампионите.
Иако Магдебург имаше одлично прво полувреме, на пауза замина со „плус три“ 12:9 и во вториот дел во неколку наврати водеше и со пет-шест гола разлика, сепак, избраниците на Хавиер Сабате во финишот направија целосен камбек.
По водството на Магдебург од 22:18, домаќините со серија од 4:0, која беше дело на Сердио и двајцата хрватски интернационалци Ловро Михиќ и Тин Лучин, се изборија за нерешен резултат. Реванш дуелот меѓу Висла Плоцк и Магдебург ќе се одигра на 17 мај. Домаќин на реваншот ќе биде бундеслигашот.
