МВР: 128 санкции за брзо возење на територија на државата
Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возачи.
Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.
