САД
Наплив на мигранти на границата меѓу САД и Мексико
11.05.2023 11:08
Наплив на мигранти на границата меѓу САД и Мексико пред истекот на пандемските рестрикции. Карваните од Јужна Америка стравуваат дека новите политики ќе им го отежнат патот до ветената земја...

Наплив на мигранти на границата меѓу САД и Мексико пред истекот на пандемските рестрикции. Карваните од Јужна Америка стравуваат дека новите политики ќе им го отежнат патот до ветената земја. Одделот за национална безбедност најави драстично усложнување на процесот за добивање азил.
Воведен е и полициски час со систем за следење на семејствата кои биле пуштени во САД пред првичните проверки. Во вторникот биле регистрирани над 10 илјади мигранти.
