Голема полициска акција во Италија, уапсени 61 член на најмоќната италијанска мафија
Повеќе од 500 полицајци беа вклучени во операцијата, чија цел беше вкупно 167 лица – вклучително и десетици во моментов во затвор. Вчерашната акција беше дел од пошироката тековна операција за разбивање на групата...

Италијанската полиција уапси 61 член на најмоќната италијанска мафија, Ндрангета, во серија рации во седум региони.
Тие се осомничени за кривични дела, вклучително измама, трговија со дрога, инфилтрирање во владата и изнудување локални земјоделци.
Повеќе од 500 полицајци беа вклучени во операцијата, чија цел беше вкупно 167 лица – вклучително и десетици во моментов во затвор. Вчерашната акција беше дел од пошироката тековна операција за разбивање на групата.
Минатата недела, повеќе од 100 луѓе беа уапсени ширум Европа во, како што рече полицијата, најголемата операција што некогаш била спроведена против „Ндрангета“. Десет земји беа вклучени, при што беа запленети средства во вредност од 25 милиони евра.
Истрагата откри и важни, нови информации за тоа како функционираат некои од највисоките нивоа на групата, дури и за време на ковид-пандемијата. Еден од нејзините наводни шефови, Пасквал Бонавота, беше уапсен во катедрала во северниот град Џенова минатиот месец. Стотици други мафијаши и корумпирани функционери или се затворени или допрва треба да им се суди поради нивната сомневање за вмешаност во семејството Манкузо.
Тоа е само едно од 150-те семејства кои се дел од криминалната мрежа на Ндрангета, која ја надмина Коза Ностра како најмоќна мафијашка група во земјата и дејствува во повеќе од 40 земји во светот.
Италијанските и белгиските истражители веруваат дека криминалната група шверцувала близу 25.000 кг кокаин во периодот од октомври 2019-та до јануари 2022-та година и префрлила повеќе од 22 милиони евра од Калабрија во Белгија, Холандија и Јужна Америка.
