Комисијата за европски прашања ја почна расправата за законските измени за коридорите
Пратениците вчера на пленарна седница ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат измените на петте закони означени со европско знаменце поврзани со изградбата на коридорите, а накусо заседаваше и Комисија за европски прашања, но само го утврди дневниот ред...

Во собраниската Комисија за европски прашања почна расправата за предлог-законските измени за изградба на коридорите 8 и 10 Д, поднесени со европско знаменце
Пратениците вчера на пленарна седница ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат измените на петте закони означени со европско знаменце поврзани со изградбата на коридорите, а накусо заседаваше и Комисија за европски прашања, но само го утврди дневниот ред.
Опозициските пратеници во расправата и на пленарната и на комисиската седница го оспоруваа означувањето на законите со европско знаменце и ги повторија обвинувањата дека со тоа што не е објавен Договорот со стратешкиот инвеститор, американско-турскиот конозорциум „Бехтел и Енка“, се остава простор за сомнежи за корупција, како и дека ќе се плаќаат стотици милиони евра за аванси и пенали.
Од делегацијата на ЕУ, пак, повторија дека загрижува означувањето со европско знаме на закони кои не се дел од усогласувањето со легислативата на ЕУ, додека од владејачката СДСМ порачаа дека законските измени заштедуваат 150 милиони евра на граѓаните и две години помал рок на изведба.
