Југоносталгија
Обичниот Југословен станувал во 6 часот

Обичниот Југословен станувал во 6 часот, забите ги миел со домашна паста, после бричење користел домашен ласион, а станот му мирисал на топло млеко. Тоа бил секојдневниот живот во Југославија од 50 – те до 90 – те години од минатиот век. Честопати повозрасните знаат да кажат ,, Ех колку беше убав животот за време на Југославија,, оние кои што го доживеале со носталгија се сеќаваат на тие времиња. Старите угостителски работници се навратија на времето кога работата цветала, кога туристите едноставно ја напаѓале Југославија, ,, Тогаш во Црквеница имавме многу повеќе гости што доаѓаа дури и во зимските месеци,, вели Ивица Јанчиновиќ од Црквеница. Хрватскиот професор на факултетот за економија во Риека, Иван Менцер вели дека на почетокот на осамостојувањето имало еуфорија и задоволство, но, со текот на времето се појавиле разочарувања ,, разочарувањето кај тие генерации едноставно настапи заради се помалата социјална сигурност. Заради се поголемите проблеми со вработување млади, но тоа е се крајно објективно тоа нема врска со субјективно, едноставно се објективни закони кои во периодот на социјализмот беа помалку негирани бидејќи се тежнееше за помала стапка на невработеност. Денеска невработеноста за жал е голема, но интересите на сопствениците сега во време на приватна сопственост се над се.,, Во музејот во Белград е собрана целата историја на Југославија. На погребот на Јосип Броз Тито присуствувале 209 делегации од 128 земји, куќата на цвеќето е една од најпосетените места на просторите на поранешна Југославија. ,, Голема е посетеноста, доаѓаат луѓе од цел свет, особено странци, но убедливо најмногу доаѓаат од Словенија и тие се најјугонослатгични. Дневно доаѓаат од 300 до 500 а за 25 мај годинава беа од 5 до 8 илјади луѓе. Доаѓаат стари луѓе се поклонуваат, некои се крстат, носат цвеќе, многу жалат за тие времиња,, вели Светислав Рајиќ вработен во куќата на цвеќето.Скоро и да немаше весник во Југославија па и во Европа во кој не се спомнуваше Јосип Броз Тито. Со своето присуство тој будеше лавина коментари. Еве ги сеќавањата на еден од најискусните сараевски новинари. ,, нанасловните страни беше политиката, со оглед на актуелноста и комплексноста на поранешна Југославија. Една страна беше на кирилица една на латиница. Тркстови доаѓаа од сите краеви. Новинарството е единствена гранка која што најбрзо ги прифати новите технолошки напредувања во процес на комуникација, сега се користт разни портали, интернетот е совршенство.,, вели Миралем Бегиќ новинар од ,, ослободување на Сараево. Иако сите што ги анкетиравме од Риека до Белград се југоносталгични, велат дека адаптацијата на новото време не била тешка, но спомените од старото ќе ги носат во себе.
Ана Јосифоска
