Политика

Ковачевски е оптимист дека уставните измени ќе бидат изгласани со потребното двотретинско мнозинство

11.05.2023 12:30

Тој повика сите политички чинители да бидат одговорни во овој процес и најави дека по отворањето на поглавјата и за реформските закони ќе биде потребен гласот на 80 пратеници.

Премиерот Ковачевски оптимист дека уставните измени ќе бидат изгласани со потребното двотретинско мнозинство. Европската агенда, како што рече, не може да биде заложник на еден човек или една партија. Тој повика сите политички чинители да бидат одговорни во овој процес и најави дека по отворањето на поглавјата и за реформските закони ќе биде потребен гласот на 80 пратеници.

„Сметам дека сите политички партии имаат и одговорност и обврска пред граѓаните ова прашање да го имаат како врвен приоритет, бидејќи европското пристапување на државата не може да биде заложник на кариерата на еден човек или на една политичка партија. Се работи за стратешко прашање, тоа е процес кој ќе трае. Ние после ова двотретинско гласање ќе имаме уште вакви гласања во делот на реформи на јавната администрација, кај реформата на правосудството“, изјави денеска премиерот Ковачевски.