Во недела клучни претседателски и парламентарни избори во Турција
В недела Турција одржува клучни претседателски и парламентарни избори со кои може да се продолжи владеењето на актуелниот лидер Ердоган. Главен противник на 69-годишниот претседател е Кемал Киличдароглу, челник на секуларната, центро-левичарската Републиканска Народна партија...

В недела Турција одржува клучни претседателски и парламентарни избори со кои може да се продолжи владеењето на актуелниот лидер Ердоган. Главен противник на 69-годишниот претседател е Кемал Киличдароглу, челник на секуларната, центро-левичарската Републиканска Народна партија. 74-годишникот е заеднички кандидат на шестпартискиот сојуз кој вети дека ќе го растури системот на Ердоган и ќе ја врати парламентарната демократија. Според анкетите, Киличдароглу е во мала предност пред Ердоган.
Земјата се соочува со сериозна економска криза, висока инфлација и процес на закрепнување од катастрофалните земјотреси.
