ГЕРМАНИЈА
Двајца убиени во пукање во фабрика на Мерцедес во Германија
11.05.2023 13:24
Тим за специјални операции ја затвори локацијата со целосно распоредување, вклучувајќи два хеликоптери и неколку лекари за итни случаи...

Две лица загинаа во смртоносна престрелка во фабриката на „Мерцедес-Бенц“ во југозападна Германија, во градот Синделфинген.
Тим за специјални операции ја затвори локацијата со целосно распоредување, вклучувајќи два хеликоптери и неколку лекари за итни случаи. Уапсен е 53-годишен маж.
Портпаролот „Мерцедес-Бенц“ потврди дека во фабриката во Синделфинген во тек е полициска операција и дека веќе нема никаква опасност за персоналот или за јавноста.
