мвр

Спасовски на работилница на тема „Проактивно лидерство и вмрежување на заедницата“

11.05.2023 13:52

Денеска во амфитеатар на Економскиот Факултет во Прилеп се одржа работилница на тема „Проактивно лидерство и вмрежување во заедницата“, во коорганизација на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Економскиот Факултет во Прилеп и Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот Св. Климент Охридски, Битола...

Денеска во амфитеатар на Економскиот Факултет во Прилеп се одржа работилница на тема „Проактивно лидерство и вмрежување во заедницата“, во коорганизација на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Економскиот Факултет во Прилеп и Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот Св. Климент Охридски, Битола.

Со свое поздравно обраќање учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, проф. д-р Цветко Андреески, Проректор за настава на Универзитетот Св. Климент Охридски, проф. д-р Никола Дујовски, Декан на Факултетот за безбедност, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, Декан на Економскиот факултет во Прилеп, а во својство на предавачи на работилницата беа проф. д-р Глигор Бишев, претседател на Советот за високо образование и истражувања при Стопанска комора на Република Северна Македонија, м-р Емилија Велкоска, началничка на Надворешната канцеларија за криминалистички работи во ОВР Прилеп, Ирена Јакимовска, споственик на Комфи Ангел – Прилеп, Славчо Кузмановски, командант на Артилерискиот баталјон и командант на гарнизон Прилеп – Министерство за одбрана.

По предавањата следеше дискусија, како и затворање на настанот со доделување на благодарници.

Заблагодарувајќи се за поканата, Проректорот Андреевски истакна дека самата тема на работилницата е интересна и провокативна.