Повредените патници пренесени во Ургентниот центар во Скопје се во стабилна состојба

13.05.2014 13:30

Еден од нив е на Карил, двајца на Траума, и двајца на Неврохиругија...

Стабилна е состојбата на патници повредени во сообраќајната несреќа која се случи утринава на патниот правец Штип- Велес, кои беа пренесени на Ургентниот центар во Скопје.

Еден од нив е на Карил, двајца на Траума, и двајца на Неврохиругија.

Кај еден од пациентите констатирана е тешка повреда на главата, кај другите има тешки повреди на градниот кош или на рбетот, информираа лекарите од Ургентен.

На пациентите им се направени првичните потребни прегледи, итни снимања, а отворени се хируршките сали ако е потребна некаква интервенција.

Лекарите велат дека сите се во стабилна состојба.