Уставни измени

Се подготвуваат измените на Уставот

11.05.2023 17:09

Нова средба на работната група за уставните измени. Телото нема рок за подготовка на амандманите, ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за нив. Ќе има и други двотретински гласања во Собранието, не смее државата да биде заложник, вели премиерот Ковачевски...

Претседателката на работната група за уставните Маргарита Цаца Николовска, вели дека на седницата го разгледале Деловникот, но и дебатираат за контурите на драфт верзијата за предлогот за пристапување кон измена на Уставот. Според неа се работи на промена на Уставот во делот на преамбулата и нормативниот текст на највисокиот правен акт на земјава.

Јас сум рационален оптимист а тоа значи дека верувам во остварување на целта и работам на нејзиното остварување. Во однос на нашето натамошно пристапување во ЕУ по завршувањето на скрининг процесот следува отворањето на поглавјата а еден од условите за отворање на поглавјата е усвојување на уставните амандмани за вклучување на други делови од народи во нашиот Устав“, рече Ковачевски.

„Европското пристапување на државата не може да биде заложник на кариерата на еден човек или на една политичка партија. Се работи за стратешко прашање, кое не е прашање ниту на еден човек, ниту на една политичка партија, ниту на една влада, туку тоа е процес којшто ќе трае. Ние после ова двотретинско гласање ќе имаме уште такви гласања и не може овие гласања да бидат предмет на било која политичка партија во иднина“, нагласи Ковачевски, на прашање поврзано со уставните измени и како ќе обезбеди двотретинско мнозинство за нивно изгласување.

Оценува дека сите политички партии имаат обврска кон граѓаните, тоа прашање да го имаат како врвен приоритет на својата политичка агенда. Работната група е составена од 23 членови 10 од редовите на експертите, десетмина од политичките партии на власта и тројца членови на државни институции. Опозициските партии одбија да номинираат свои членови во ова тело, за кое сметаат дека надвор од законот.

 

 

Игор Панов