Германија

Експлозија во висококатница во Германија, повредени полицајци и пожарникари

11.05.2023 18:49

Повредени полицајци и пожарникари при експлозија во станбена зграда во градот Ратинген, западна Германија...

Повредени полицајци и пожарникари при експлозија во станбена зграда во градот Ратинген, западна Германија.

Полицијата и противпожарната служба биле повикани од немоќно лице, а кога пристигнале на вратата од станот одекнала експлозија.

Приведен е 60-годишен маж, теоретичар на заговор, под сомнение дека намерно го активирал експлозивот. Во станот на приведениот била пронајдена почината жена.