Турчинов: Продолжува операцијата во Доњецк и во Луганск

13.05.2014 13:48

Думата во Москва, пак, апелираше до меѓународните и националните парламенти во светот да го спречат насилството во Украина и мерките на Киев што водат до ескалација...

Силите на безбедноста ја продолжуваат операцијата во Доњецк и во Луганск, соопшти украинскиот претседател Турчинов. Тој побара забрана за комунистичката партија ако се докаже дека им била соучесник на сепаратистите од двата региона, кои почнаа преговори за обединување и да бидат анектирани од Русија. Думата во Москва, пак, апелираше до меѓународните и националните парламенти во светот да го спречат насилството во Украина и мерките на Киев што водат до ескалација.

„Ситуацијата во Украина ја поминува линијата и станува хуманитарна катастрофа. Но веруваме дека ескалацијата може да запре преку социјален пакт потврден со клаузула во уставот“, изјави Сергеј Нагришкин, претседател на руската Дума.

Киев го обвини Кремљ дека неговите коментари за почитување на одлуката на народот не придонесуваат за деескалација, туку директно ги охрабруваат акциите на сепаратистите. Рускиот премиер Медведев му даде наредба на Газпром од денес да го отвори гасоводот кон Украина на при-пејд основа.Во нов обид за дипломатско решение, во Киев допатува шефот на германската дипломатија Штајнмаер.