Ковачевски: Имаме директна, силна и недвосмислена поддршка од САД за интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ
Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во телевизиска емисија зборуваше за посетата на САД и средбата со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, којашто ја оцени за исклучително пријателска и корисна со директна, силна и недвосмислена поддршка од САД за интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во телевизиска емисија зборуваше за посетата на САД и средбата со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, којашто ја оцени за исклучително пријателска и корисна со директна, силна и недвосмислена поддршка од САД за интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ.
Во таа насока, како што рече премиерот, е разговарано за предизвикот што го има државата, а тоа е носењето на амандманите, со цел продолжување на европскиот пат на државата и отворање на поглавјата.
„Императив е на сите политички партии и пратеници е да носат одлуки коишто се во насока на унапредување на животниот стандард, унапредување на економијата, на институциите, на сегашните и на идните генерации – да живеат во Европска Македонија, држава членка на ЕУ, а не да одат да работат во странство во земји членки на ЕУ.
Сметам дека пораката беше многу јасна и дека процесот е отпочнат, бидејќи е формирана работна група во Министерството за правда, каде што претставници на политичките партии и експерти од академијата и уставното право веќе почнаа со работа и подготвување на предлог амандманите, коишто потоа ќе се најдат и на јавна расправа со стопанските комори итн. и потоа во собраниска процедура пред политичките партии.
Одговорност на секој пратеник е во рамки на својот мандат да носи одлуки во интерес на државата“, порача премиерот Ковачевски.
