Драма
Вечерва вториот Интернационален фестивал на дуо – драма „ Бранко Ѓорчев“
12.05.2023 09:31
Во рамките на Интернационалниот фестивал на дуо – драма „ Бранко Ѓорчев“, во Неготино, ќе настапи независниот театар „ Златен Елец“ од Скопје, со дуо – драмата „ Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска...

Вечерва, во рамките на Интернационалниот фестивал на дуо – драма „ Бранко Ѓорчев“, во Неготино, ќе настапи независниот театар „ Златен Елец“ од Скопје, со дуо – драмата „ Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, според романот на Лук Дејвис и авторските материјали од ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје.
Претставата е селектирана во официјалната конкуренција. Играат Актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.
