САД

Наплив на мигранти на граничните премини меѓу САД и Мексико

12.05.2023 09:51

Укинувањето на рестриктивните мерки воведени во ковид-пандемијата познати како „Oдредба 42“ предизвикаа зголемен прилив на мигранти на границата со Мексико...

Укинувањето на рестриктивните мерки воведени во ковид-пандемијата познати како „Oдредба 42“ предизвикаа зголемен прилив на мигранти на границата со Мексико. Очајни да стигнат до ветената земја, го преливаа Рио Гранде. Толпата меѓу граничните огради што ги делат Сан Диего и Tихуана нагло се зголеми во последната недела.

Повеќе од 24 илјади агенти и безбедносни сили се распоредени на јужната граница со Мексико. Националната гарда подигна жичена ограда.