Трамп најави жалба против одлуката на судот

12.05.2023 09:54

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека поднел жалба против одлуката на поротата на Федералниот суд на Менхетен...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека поднел жалба против одлуката на поротата на Федералниот суд на Менхетен, која го прогласи за одговорен за сексуална злоупотреба и клеветење на новинарката Џин Керол и ѝ досуди пет милиони долари отштета.