МВР

157 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

12.05.2023 10:48

Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 157 пешаци...

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 157 пешаци од кои, 140 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин. За време на контролата санкционирани се и 122 други видови на прекршоци. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, стои во соопштението од МВР.