Марсело Биелса нов селектор на Уругвај
Аргентинецот Марсело Биелса ќе ја предводи уругвајската репрезентација и најмалку до Светското првенство 2026 година, потврдија од уругвајскиот фудбалски сојуз. Биелса и уругвајската федерација постигнаа договор и недостасува само уште официјализација...

Аргентинецот Марсело Биелса ќе ја предводи уругвајската репрезентација и најмалку до Светското првенство 2026 година, потврдија од уругвајскиот фудбалски сојуз. Биелса и уругвајската федерација постигнаа договор и недостасува само уште официјализација.
Последниот ангажман Биелса го имаше во Лидс кој го тренираше од 2018-та до 2022-ра година, а во текот на кариерата водеше низа клубови меѓу кои се Њуелс Олд Бојс, Атлас, Америка, Велез Сарсфилд, Еспањол, Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио, Лил. Првите предизвици на клупата на Уругвај Биелса би требало да ги има со пријателските натпревари против Никарагва и Куба.
Фото:/ Wikipedia
