Почна контраофанзивата на украинските сили
Почна контраофанзивата на украинските сили. Војската напредува во Вахмут. Москва демантира – ситуацијата во градот е под контрола. Вашингтон загрижен по информациите дека Јужноафриканската Република ја снабдува Русија со оружје. Обединетото Кралство испраќа крстаречки ракети на Украина. Русија се закани со воен одговор, доколку Киев ја добие помошта...

Сирени се огласија на истокот од Украина. Жестоки борби и натаму во Бахмут. Киев потврдува за ефективен пробив во источниот дел од градот и повлекување на руските сили. Потврда за украинската контраофанзива, доаѓа и од шефот на паравоената група „Вагнер“.
„Зеленски игра лукаво. Контраофанзивата е во полн ек. Украинските сили напредуваат во Бахмут и за жал, во некои области, тие тоа го прават успешно, Евгениј Пригожин, шеф на „Вагнер“.
Руската одбрана ги демантира информациите. Тврди-воената ситуација во Бахмут е под контрола. Од Кремљ велат дека „делумно“ ги постигнале своите цели во Украина.
„Силите на Москва зазедоа значајни области во регионот Донбас во Украина и прилично добро успеавме да ја победиме воената машинерија. Специјалната воена операција ќе продолжи уште повеќе да го спречи непријателот назад“, изјави Дмитриј Песков • портпарол на рускиот претседател.
Британија најави крстосувачки ракети за Украина, а Москва ѝ се закани со воен одговор. Досега во Киев се влезени 20 милијарди долари воена помош од западот. Претседателот Зеленски се надева и на брзо приклучување во европското семејство. Најави голема реформа во судството.
„Мораме да обезбедиме систем кој гарантира правда и владеење на правото во нашата земја, компатибилен со нашата цел за брзо приклучување кон Унијата“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Вашингтон загрижен по изјавата на американскиот амбасадор во Jужноафриканската република дека земјата ја снабдува Русија со оружје. Лани руски брод тајно бил натоварен со оружје во Кејптаун.
„САД се сериозно загрижени за закотвувањето на санкционираниот руски товарен брод во јужноафриканското поморско пристаниште, во декември, минатата година. Ги покренавме тие грижи, директно со повеќе јужноафрикански функционери“, изјави Ведант Пател, главен заменик портпарол на Стејт департментот на САД.
Јужноафриканскиот претседател разочаран од тврдењата за кои не се обезбедени докази, но додаде дека случајот се истражува.
„Истрагата тече и сакам да дозволите тој процес да даде резултати. Предметот се разгледува и со време ќе може да зборуваме за тоа“, порача Сирил Рамафоса, порача претседател на Јужноафриканска Република.
Јужноафриканската република е еден од најважните сојузници на Русија во Африка, но таа остана непристрасна и се воздржа од гласање за резолуциите на ООН за војната во Украина.
Бојана Крстевски
