Градежните компании со повеќе договори во странство во првиот квартал

13.05.2014 14:26

Зголемен обем на извршените градежни работи е забележан во Италија, Холандија, Бугарија и Германија...

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во привите три месеци од годинава изнесува 4,636 милијарди денари што е за 0,2% повеќе во споредба со овој период од претходната година, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Во овој период градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 408 милиони денари што е за 121,2% повеќе во споредба со лани.

Зголемен обем на извршените градежни работи е забележан во Италија, Холандија, Бугарија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.

Како нови пазари се јавуваат Франција, Босна и Херцеговина, Хрватска и Либиска Арапска Џамахирија.