Кривичен суд

Повторно одложен судскиот процес против Жан Митрев

12.05.2023 12:27

Одбраната побара, а судот дозволи дополнителни рокови за да може адвокатскиот тим на Митрев да изврши увид во доказите...

Ново одложување на судскиот процес кој се води против кардиохирургот Жан Митрев. Одбраната побара, а судот дозволи дополнителни рокови за да може адвокатскиот тим на Митрев да изврши увид во доказите.

Тие велат оти станува збор за обемен доказен материјал за кој им е потребно време да го проучат и да конципираат одбрана. Обвинителката со став – извршете увид, па во судница да ги соочиме аргументите.

Обвинението против Митрев се однесува на прикривање клучни факти за хемофилтрацијата – метод кој бил прикажуван дека е алтернатива за лекување ковид-пациенти, иако не смеел да го прави тоа.

Истовремено, пред Кривичниот суд се собраа граѓани кои му дадоа поддршка на Митрев. Побараа фер судење.